Qualcomm веќе испрати покани за настанот што ќе се одржи на 1 и 2. декември. Се верува дека компанијата тогаш ќе го претстави Snapdragon 875 чипсетот, креиранс во процес од 5nm, што ќе го користи новото Cortex-X1 јадро со високи перформанси.
Веб-страницата DigiTimes известува дека Qualcomm планира да претстави свој гејминг телефон до крајот на оваа година.
Телефонот ќе се развива и создава во соработка со Asus, но засега нема премногу детали. Qualcomm веќе создава референтни плочи, но тие се наменети за да ги покажат можностите на најновите чипови.
Asus има поголемо искуство со битните елементи, што би го направиле гејминг телефонот релевантен. Тоа вклучува голема брзина на освежување на екранот, засилено ладење, поголема батерија, прилагодени контроли и многу повеќе.
Се претпоставува дека ова партнерство е создадено пред Nvidia да го најави купувањето на ARM. Гласиниte велат дека производителот на графички картички ќе го отфрли Mali во корист на сопствен GPU дизајн на графички процесор, кој пристигнува со GeForce брендирање. Поради тоа, Qualcomm би можел да профитира од промовирањето на конкурентската Adreno серија на графички процесори.