Минатиот месец дознавме дека OnePlus работи на нов член од OnePlus 9 серијата наречен OnePlus 9 RT. Кодното име на телефонот е „Мартини“, а сугерирано е дека ќе биде претставен во текот на октомври. Сега дојавувачот OnLeaks тврди дека OnePlus 9 RT ќе биде официјализиран на 15. октомври.

OnePlus се уште не објави информации за 9 RT телефонот, но претходните гласини сугерираа дека ќе користи подобрена верзија на Snapdragon 870 чипсет, ќе има AMOLED екран од 120Hz и 4500mAh батерија со поддршка за 65W полнење.

Телефонот на задната страна ќе има 50MP Sony IMX766 главен сензор за камерата, а може да биде првиот телефон на OnePlus што од старт ќе го користи OxygenOS 12, базиран на Android 12.

Покрај 9 RT моделот, OnePlus ќе претставиу и лајт верзија на Buds Air Pro слушалките со ANC поддршка, како и  Buds Z од втората генерација.