Nvidia продолжува да го промовира својот GeForce Special настан, кој се одржува на 1. септември, а овој пат тоа го прави преку најновиот тизер. Во новото видео, инженерите на компанијата ја објаснуваат „исклучителната уметност и наука“ на модерните графички картички, покривајќи ги сите чекори кои се користат во креирање на новото GPU, со најава за она што ќе го видиме следната недела.

Видеото се фокусира на дизајнот и ладењето на графичките картичи. Како што одминува видеото, имаме увид во PCB во V облик (ист каков што е виден на протечените примероци на GPU моделите од RTX 3000 серијата). Видеото потврдува и нов 12-пински конектор за напојување. Конечно, пред крајот на видеото имаме прилика да видиме како изгледа кулерот на следниот Founder’s Edition модел на Nvidia во неговиот конечен формат.

Покрај најавата на графичката картичка од следната генерација, видеото прикажува уште некои елементи на инженерингот: ладење, механика, електричниот дизајн и дизајнот на производот.

Nvidia ќе го одржи GeForce Special Event на 1. септември, а во текот на настанот се очекува најава на нови графички картички од RTX 3000 серијата.