Доколку случајно ви се случи да ги избришете пораките на WhatsApp, имаме решение како да ги вратите.

Кога ќе избришете порака, на примачот ќе му се каже „Оваа порака е избришана“, но не грижете се – таа е зачувана на вашиот телефон.

Имено, апликацијата WhatsApp прави резервна копија на сите ваши разговори, најчесто на дневна основа. Можете да го поставите да биде неделно или месечно, следејќи ја патеката: Три точки во горниот десен агол -> Chats -> Chat Backup.

За да ги вратите избришаните пораки, доволно е да го деинсталирате и повторно инсталирате WhatsApp, но мора да го направите тоа пред да се направи следната резервна копија.

Веднаш штом ќе инсталирате повторно, апликацијата ќе побара од вас да ги вратите разговорите од претходната резервна копија (Restore chats). Изберете ја оваа опција и ќе средите се.