Google го промени брендот на своите продуктивни алатки, за подобро да им одговараат на оние кои работат од дома. G Suite сега станува Google Workspace, има нови логоа и брендирање, но не имплементира други големи промени.

Идејата е да биде јасно дека Google Workspace е место каде што корисниците можат да добијат пристап до алатките што ги нуди компанијата и да укаже на новите функции на испраќање пораки во рамките на Gmail.

Gmail исто така добива ново лого, што го отфрла пликото во корист на новиот, поживописен M знак. Промената на изгледот на логото би требало да ги означи измените што сервисот ги доби претходно оваа година, со имплементирање на видео разговори во четовите во реално време. Google, исто така, укажува на подобрувањата во рамките на алатките за соработка во рамките на платформата.

Google сака со овие потези да ја надмине конкуренцијата, вклучувајќи ги Slack, Microsoft Teams, Zoom и Facebook. Поради тоа, Meet видео разговорите ќе бидат вградени во Docs, Sheets и Slides, за корисниците да имаат помалку причини да преминат на друга платформа.