Од првата средба со револуционерниот паметен телефон Samsung Galaxy Z Fold4, па сè до детално истражување на неговите функции, несомнено може да се каже дека е телефон создаден за современите корисници кои се во трка со времето. Почнувајќи од неговиот префинет и елегантен дизјан, Galaxy Z Fold4 e безусловно најиновативната ѕвезда од Samsung галаксијата!

За сериозна работа на телефон, нема ништо подобро од ова!

Galaxy Z Fold4 е резултат на постојани иновации во областа на паметните телефони Samsung Galaxy и нашиот најмоќен паметен телефон досега. Тој ја комбинира Samsung експертизата во мобилната технологија и претставува уред со зголемена функционалност, без разлика дали е отворен, затворен или во Flex режим . Исто така, ова е првиот уред со Android 12L, специјална верзија на Android која Google ја има креирано за големи екрани, вклучувајќи и уредите на преклоп. Мултитаскингот со Galaxy Z Fold4 е полесен од било кога, така што корисниците можат да работат повеќе дури и кога се во движење. Новиот таскбар  прикажува распоред сличен на оној на компјутерите и нуди пристап до вашите омилени и неодамна користени апликации. Мултитаскингот исто така е попрегледен благодарејќи на новите гестови за лизгање . Можете веднаш да се префрлите од апликации на цел екран на повеќе прозорчиња или да го поделите екранот на пола со цел полесно да извршувате повеќе работи истовремено. Партнерствата на Samsung со компаниите Google и Microsoft го подигаат скалилото кога станува збор за извршување на повеќе работи истовремено. Google апликациите, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега ја поддржуваат Повлечи-и-Пушти функцијата, што на корисниците им овозможува брзо да копираат и пресликуваат линкови, фотографии и друго, од една апликација во друга. Со Google Meet, корисниците сега можат да се поврзат со повеќе луѓе додека уживаат во заеднички виртуелни активности, вклучувајќи заедничко гледање видеа на YouTube или играње видео игри преку видео повик . Комплетниот Office пакет и Outlook на Microsoft ги користат предностите на дисплејот на преклоп и пружаат повеќе информации на екранот и побрзи начини на интеракција со содржината. Мултитаскинг искуството е комплетирано со S Pen пенкалото , кое овозможува цртање во движење и фаќање белешки со поедноставено складирање во стоечки поклопец со футрола за пенкало. Флуидно, лесно и интуитивно!

Џебен таблет како неисцрпен извор на можности

Играњето игри на овој уред е вистинско задоволство благодарејќи на моќната мобилна платформа Snapdragon 8+ Gen 1  и хипербрзата 5G мрежа. Со потенка шарка, помала тежина и уште потесна рамка, широкиот екран овозможува полесни интеракции со едната рака при користење на надворешниот екранСамиот факт дека Galaxy Z Fold4 е таблет што може да се носи во вашиот џебот отвора нови можности кои допрва треба да се истражат. Исто така нема потреба да се долови колку е полесно да се уредува на таблет отколку на телефон. До тој степен што некој би се осмелил да уредува покомплицирано видео. Но, зошто да застанеме таму? На крајот на краиштата, ова е Android што значи дека е многу флексибилен, па зошто да не пробате нешто малку поекстремно? На пример, поврзете безжичен глушец, можеби тастатура и уредете ја фотографијата. Galaxy Z Fold4 прави феноменални фотографии и видео снимки со унапредениот широк објектив од 50MP и 30х SpaceZoom  објектив. Разните режими на работа на камерата, вклучувајќи поголема мапа на зумирање активирана во режимот Capture View, двоен преглед и до селфи и од задната камера се посебно направена со цел да се искористи единствениот хардверски дизајн за поголема флексибилност на користење на камерата. Исто така, со поголемиот број на пиксели, 23% појакиот сензор  и унапредената моќ на преработка, корисниците можат да прават јасни слики дури и ноќе.

Подвижно кино каде и да одите!

Содржината е сeопфатна и поизразита на 7,6-инчниот главен екран  со поголемо ниво на светлост, поприлагодлива стапка на освежување од 120Hz  и помалку видлива камера под дисплејот (UDC) која се одликува со нов пораспрскан распоред на подпиксели. Популарните апликации на друштвени мрежи како што е Facebook, се оптимизирани за искуство на голем екран со цел повеќе да се ужива во содржината. Исто така, можете да ја отворите апликацијата на вашиот омилен стриминг сервис за забава како што е Netflix  и да гледате содржина без прекин со новиот Flex Mode Touchpad , кој нуди прецизност при запирање, премотување или емитување на видеа или зумирање на содржината додека уредот е во Flex режим.

Нарачајте пред сите!

Уредите од новата серија Galaxy Z се достапни во Северна Македонија по препорачаната цена Z Fold4 од 107.999 денари. Искористете го попустот во промотивниот период кој трае од 10.08.2022 до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4. Со оваа промоција добивате можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата). Повеќе информации на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4.

 

ПР Текст