Претходно слушнавме за постоењето на два OnePlus телефона од средниот сегмент, под имињата Nord N10 5G и Nord N100, по што се појавија на официјалниот сајт на компанијата.

Сега дојавувачот @stufflistings објави дека OnePlus Nord N10 5G и Nord N100 ќе бидат претставени во крајот на месецот.

OnePlus Nord N10 5G веќе се појавуваше во вестите, а се сугерира дека телефонот ќе има 6,49-инчен дисплеј, со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 90Hz. Смартфонот ќе го покренува новиот Qualcomm Snapdragon 690 чипсет, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање.

На полето на камерите, се сугерира систем со четири сензори. Глваната камера ќе има 64MP модул, а се очекуваат и 8MP ултраширок сензор, како и два дополнителни 2MP сензора.

Се истакнува дека цената на OnePlus Nord N10 5G телефонот ќе изнесува под 400 долари.

Кога е во прашање OnePlus Nord N100, овој модел засега останува мистерија бидејќи нема информации за овој смартфон.