Астрономите детално проучиле една од најжешките досега откриени егзопланети. Откриле дека на некои нејзини делови температурата е толку висока што би можела да претвори метал во гас.

Егзопланетата што ја нарекле „жежок Јупутер”, „ја шпионирал” сателит на Европската вселенска агенција.

Од Земјата е оддалечена околу 326 светлосни години, а откриено е дека на нејзината површина температурата достигнува 3.2000 степени Целзиусови.

Иако таа егзопланета не е ни приближно жешка како Сонцето, кое „гори” на 6.000 степени, таа е една од најекстремните откриени планети.

Астрофизичарите укажуваат дека е 1,6 пати поголема од Јупитер и орбитира околу својата матична ѕвезда на секои 2,7 дена.

„Потребни и се помалку од три дена да ја обиколи својата ѕвезда, а 20 пати и е поблиска од тоа што е Земјата до Сонцето”, навела Моника Лендл, астрофизичар од Универзитетот во Женева.

Извор: Kurir.rs