Tesla веќе го оствари својот сон да произведува електрични автомобили за широките маси, ставајќи го на пазарот долгоочекуваниот Model 3, чија цел е нов свет со возила напојувани без фосилни горива.

Првата пратка од фабриката во Фримонт, Калифорнија, беше испорачана на клиентите, од кои повеќето се вработени на компанијата.

Основачот на компанијата и нејзин извршен директор Елон Мaск објави дека ова е одличен ден за Tesla, велејќи дека “целта е да се направи одличен електричен автомобил”, кој секој може да го купи “. Според него, производството на електричниот автомобил, насочено кон поширокиот пазар со почетна цена од 35 000 долари, ќе се зголеми брзо.

Идејата на компанијата е од есен да произведува 5.000 примероци од Model 3 неделно по 10 000 примероци неделно во текот на 2018 година.