Компанијата Amazon влезе во светот на роботи-доставувачи така што произведе робот по име Amazon Scout.

Amazon е една во низа компании која сака да му даде можност на автоматизираното решение за достава откако тоа го направија Domino’s Pizza и PepsiCo.

Засега има малку познати детали за роботот Scout, но неговиот дизајн е сличен на веќе постоечките. Scout всушност изгледа идентично на роботите од компанијата Starship Technologies, фирма од Естонија која со години е во овој бизнис.

Scout има шест тркала, се напојува со електрична батерија, а се движи со брзина како на човек. Моментално се тестираат вкупно шест роботи во една населба во Вашингтон каде во текот на денот се доставуваат пакети од понеделник до петок. Амазон соопшти дека на почетокот роботите ќе бидат набљудувани од страна на луѓе, за да се уверат дека се ефикасни и безбедни.

Слични тестирања се извршуваат и во градовите ширум светот и на затворени локации како што се кампуси и деловни објекти. Ефтините сензори и напредокот во “машинското учење” му овозможија на Scout релативно лесно да се движи, а дури и кога ќе погреши ризикот е релативно мал за разлика од електричните автомобили.

Извор: Klix.ba