Apple поднесе патент за екран што самиот се опоравува, каде се наведува дека тоа е за „флексибилен уред со дисплеј што се свиткува“.

Идејата е да се реши проблемот што се појави меѓу првите флексибилни телефони кои излегоа на пазарот, каде многу брзо користените екрани и механизми почнаа да покажуваат знаци на дефект.

Кога екранот се свиткува, доколку измеѓу се најде прашина или некои други остатоци од нечистотии, екранот почнува да се троши/абе, а тоа е токму проблемот кој Apple се надева дека ќе го реши. Патентот наведува дека за уредот би било идеално да се залечи самостојно и по автоматизам, на пример кога се полни, а корисникот за таа цел да не мора да прави ништо. Алтернативно, тоа опоравување може да дојде и со поттикнување на некој надворешен фактор – со топлина, светлина или струја.

Со оглед на тоа дека во прашање е патент и дека во јавност пристигнуваат спротивставени информации, јасно е дека оваа технологија е во рана фаза на тестирање. Флексибилниот iPhone е нешто што фановите на IT гигантот ширум светот со нетрпение очекуваат да го видат, меѓутоа познато е дека на компанијата Apple не и се брза новите технологии што побрзо да ги доведе на пазарот.