Cooler Master го претстави новиот лесен гејминг маус, со тежина од само 49 грама. MM720 модел има ергономски дизајн и ќе биде достапен во Black Glossy, Black Matte, White Glossy и White Matte варијанти.

Форматот на глувчето е инспириран од познатите Cooler Master Xornet и Spawn маусите, но во овој случај се користи куќиште со отвори, слично на она на MM711 модел.

Некои надградби што ги имплементира MM720 глувчето, вклучуваат 16000DPI оптички сензор, материјал што штити од вода и прашина со IP58 сертификат и друго.

Првите 30.000 произведени MM720 глувчиња ќе имаат Mice Grip лента, која нуди повеќе контрола и заштита за глувчето. Mice Grip подоцна ќе се пордава засебно, по цена од 10 долари.

Cooler Master MM720 маусот моментно е достапен во претпродажба, по цена од 50 долари, а на пазарот ќе се испорачува од 27. октомври.