Еден од најинтересните производи претставени на конференцијата на Google беше Chromecast со Google TV – унапреден Chromecast уред што прв пат пристигнува со далечински управувач, а го покренува специјална верзија на Android TV.

Апликацијата што го покренува новиот Google TV интерфејс сега се појави на Play Store. Се вика Google TV Home, а без новиот Chromecast моментно е бескорисна. Со поставување на тој launcher му се овозможува на новиот Chromecast уред во континуитет да ги добива идните подобрувања во работата или изгледот на апликацијата, без потреба да се чека да излезе целосниот апдејт.

Верзијата 1.0.331643392 моментно е достапна во Play Store и има повеќе ид 5000 инсталации, меѓутоа само за корисниците во земјите каде што моментно е достапен Chromecast за продажба. За жал, меѓу нив не е Македонија.