Компанијата Cosworth го претстави својот волан CCW MkII Pro Sim, кој се заснова на истиот дизајн и конструкција како и воланот за вистински тркачки автомобили.

Cosworth има богата историја која вклучува развој на мотори во Формула 1, каде што забележа вкупно 176 победи, а денес развива мотори за хиперавтомобилите Aston Martin Valkyrie и Gordon Murray T.50. Сепак, сега влезе во светот на тркачките симулации со откривањето на воланот CCW Mk II Pro Sim на саемот Autosport International во Бирмингем. Контролорот е развиен во соработка со белгискиот производител на професионална симулациска опрема, SIMTAG.

Cosworth моментално произведува голем број на волан за моторспорт, така што неговиот прв симулациски волан се базира на постоечкиот модел CCW MkII. Тој волан го користи секој прототип на ORECA 07 LMP2 во World Endurance Championship, а минатата година го користеше Alpine A480. Се нашол и во неколку автомобили во IndyCar.

Виртуелната тркачка верзија ја има истата конструкција и распоред на копчињата, што значи дека има и волан од јаглеродни влакна потврден од FIA, 10 прекинувачи со гумена заштита, четири ротирачки прекинувачи во 12 позиции и два бројачи со 12 позиции.

Назад има менувачи на лопатки, како и систем за брзо ослободување на воланот. Главните елементи доаѓаат од истата производна линија.

Во центарот на воланот се наоѓа TFT дисплеј, кој е единствен за верзијата Pro Sim.

Демонстрацијата беше направена со користење на базата Simcube, фински бренд со кој SIMTAG соработува при конструирање на комплетни set-up-и за симулација на трки.

Цената на воланот е 7.900 евра.