S Pen паметното пенкалце е заштитен знак на Galaxy Note серијата телефони, а Samsung Galaxy Note21 линијата се очекува во втората половина од следната година. Меѓутоа, новиот извештај од Јужна Кореја сугерира дека S Pen можеби нема да биде ексклузива само за Note серијата следната година. Причина за ова е можноста дека Galaxy S21 серијата би можела да се испорачува со S-Pen стајлус.

Се појавуваат разни нагаѓања за тоа што би можело да се случи со Note серијата, доколку Galaxy S21 пристигне со S Pen. Едни ја споменуваат можноста Galaxy Note серијата да стане поевтина во текот на 2021. година, додека други одат дури дотаму што предвидуваат целосно гаснење на Note линијата смартфони.

Кога е во прашање Galaxy S21 серијата, гласините досега сугерираа дека моделите Galaxy S21, S21 Plus и Galaxy S21 Ultra ќе имаат батерии со капацитет 4000mAh, 4660mAh и 4885mAh. S21 Ultra би можел да има поддршка за 65W полнење, а комплетната серија би можела да ја покренува Exynos 2100 чипсет.