На секој телефонот му работи различно. Некои среќници го полнат секој втор ден, некои речиси никогаш не го вадат од струја. Има многу фактори во игра. Колку често и за што го користите, колку апликации ви се вклучени, колкав е капацитетот и староста на батеријата.

Во време кога електричната енергија е скапа, а константната достапност е обврска, треба да се знае да се управува со батеријата од телефонот, за да работи што подолго.

Паметните телефони речиси исклучиво користат литиум-јонски батерии, бидејќи тие нудат најприфатливи решенија за различни функции, услуги и врски кои корисниците на паметните телефони ги очекуваат од оперативните системи. Капацитетот на батеријата секојдневно се намалува со константната употреба, но кои се фактори влијаат на векот на траење на батеријата? Староста на батеријата е најважна, бидејќи тоа може да влијае на максималниот набој. Истражување од 2010 година покажало дека од почетниот капацитет од 88-94 % проценти на траење на батеријата, по 250 полнења истиот се намалува на 73-84 %.

Треба ли сосема да се испразни?

Некои се уверени дека повременото празнење на батеријата е најдобар начин да се одржи нејзиниот долг век. Всушност обратно, избегнувањето на целосно празнење и редовно полнење е најдобар начин батеријата на вашиот уред да работи подолго. Меѓутоа, тоа не значи дека батеријата не треба сосема да се испразни на неколку месеци. Со тоа се овозможува повторно калибрирање на капацитетот. И температурата прилично влијае на траењето на батеријата, дури и повремена употреба во потопли услови побрзо ќе ја испразни батеријата.

Како да го продолжите времето меѓу полнењата?

Постојат разни начини на кои би можеле да го продолжите времето меѓу две полнења на батеријата. За жал, тие речиси секогаш значат прифаќање на компромиси и намалување на функционалноста на уредот. За почеток, проверете дали екранот се исклучува сам по некое време, најдобро по 30 секунди, најмногу минута. Исто така, можете да го оневозможите вибрирањето на телефонот. На тој начин ќе заштедите на батерија и ќе го продолжите нејзиниот век.

Одржувањето на батеријата на паметниот телефон не само што е еколошки прифатливо, туку е и финансиски оправдано. Можеби нешто ќе заштедите ако батеријата ја полните преку акумулатор во автомобил наместо дома. Но, кога ќе сфатите кои услуги и функции најмногу влијаат на силата на батеријата, тогаш најмногу ќе го зголемите нејзиното траење.

Што се однесува до самата батерија, редовно полнете ја до крај и повремено празнете ја до крај, за да и го продолжите животот. А кога не ја користите, чувајте ја на студено место, далеку од извор на топлина.

Извор: B92.net