Претстојната iPhone 12 линија ќе има четири члена, што е прв пат во историјата на Apple. Со толку смартфони, секој од нив ќе биде достапен во различни комбинации на меморија и по различни цени.
Според наводите на дојавувачите, iPhone 12 mini ќе има почетна цена од 649 долари, додека највисока цена ќе има iPhone 12 Pro Max со 512GB простор за складирање, а ќе изнесува 1399 долари.
Секоја од верзиите на iPhone 12 линијата ќе има три опции на интерна меморија, од кои најниските почнуваат од 64/128/256 GB за стандардните модели до верзиите од 128/256/512 GB за премиум моделите.
iPhone 12 mini верзиите со 64/128/256 GB простор ќе чинат 649, 699 и 749 dolara; iPhone 12 ќе чини 749, 799 и 899 долари за истите капацитети; iPhone 12 Pro ќе има цени од 999, 1099 и 1299 долари за 128/256/512 GB верзии, додека за истите количини на складирање ќе биде потребно да се издвојат 1099, 1199 и 1399 долари во случајот на iPhone 12 Pro Max моделот.
Официјалните детали се очекуваат наскоро, доколку се обистинат информациите дека iPhone 12 линија ќе биде претставена на 13. октомври.
iPhone 12 пристигнува со 64GB, Pro верзиите почнуваат од 128GB
Поврзани артикли