Уште од ноември минатата година, по воспоставување на партнерството помеѓу Apple и Intel, се шпекулира за нов 5G iPhone кој ќе го покренува чипсет на Intel.

Овие гласини, сепак, се отфрлени откако Apple наводно го известил производителот дека нема да бара 5G компоненти на Sunny Peak модемот за iPhone линијата во 2020, според наводите на Calcalist.

Најновиот извештај од Fast Company повторно ја оживеа приказната за Intel процесорот кој ќе биде составен дел од новиот iPhone 5G, кој би требало да биде промовиран во 2020 година. Според извештајот, Apple планира да имплементира чип Intel 8161 5G во новата производна линија на смартфони.

Како дел од овие напори, Intel наводно ќе креира прототип под името 8060, кој ќе биде тестиран на 5G телефон. Меѓутоа, овој модерен чип ќе служи како претходник на 8161 чип кој ќе биде креиран во 10nm процесот.

Извештајот напоменува дека Intel мора да ги реши проблемите со спроведување на топлина на чипот 8060, но изворите сугерираат дека тоа нема да му влијае на Apple да се откаже од Intel како произведувач на 5G модемите и чиповите за iPhone за 2020 година.

Извор: B92.net