Семејството телефони на Motorola, Moto E6 е фокусирано на достапноста за купувачите, а новиот член наскоро ќе се појави на пазарот.

Овие уреди немаат високи перформанси, висок квалитет на изработка,  па затоа се евтини и функционални.

Стандардниот Е6 кој се појави летово чини 149 долари или околу 130 евра, и спаѓа во групата на евтини смартфони. За разлика од минатогодишниот модел Е5, Е6 беше достапен за продажба до септември.

Новиот смартфон ќе има екран 18:9, micro USB port за полнење и 3,5 мм влез за слушалки и по тоа ќе се разликува од E6 Plus.

Android Central пишува дека според позицијата на камерата најверојатно се работи за Play верзија.

Извор: Klix.ba