Егзопланетата „Пи Земја“ официјално се нарекува K2-315b. Откриена е со анализа на податоците од мисијата К2 на вселенскиот телескоп Kepler, а подоцна откритието го потврди телескопскиот систем SPECULOOS во Чиле.

Она што ја издвојува од другите егзопланети е една интересна карактеристика – таа се движи околу нејзината матична ѕвезда во многу прецизна орбита, долга точно 3,14 Земјини денови.

Планетата по состав и големина е многу слична на Земјата, таа е само 5 проценти помала и 20 проценти полесна од неа и орбитира околу студена џуџеста ѕвезда тешка само околу една петтина од нашето Сонце.

Орбитата на Пи Земјата е сепак многу тесна и се движи со брзина од околу 81 км/секунда.

Пи Земјата е првпат снимена во 2017 година, а ритамот оттогаш ѝ е уреден и непроменет – орбита ѝ изнесува точно 3,14 Земјини денови.

Сепак, постои една голема разлика во однос на нашата планета – температурата на површината на Пи Земјата е околу 177 степени Целзиусови, па затоа научниците проценуваат дека не е многу погодна за живот. Целиот систем во кој се наоѓа, K2-315, се наоѓа на околу 185 светлосни години од Земјата.

Извор: B92.net