Еден од недостастоците на актуелната технологија на батериите во уредите е дека не траат премногу долго – лаптопите и смартфоните понекогаш едвај издржуваат цел ден со едно полнење. Зголемувањето на капацитетот на батеријата го решава проблемот, но за многумина ова не е долгорочно решение.

Потенцијалното подолгорочно решение би било имплементирање на подобра технологија на батеријата, а изгледа дека и Apple размислува во овој правец. Во патентот откриен од Appleinsider, изгледа дека Apple ја разгледува идејата за користење на ќелии на батеријата со водород, за да ги напојува идните iPhone и MacBook уреди.

Apple укажува на загриженоста за опкружувањето и екологијата кога е во прашање користењето на актулените технологии на батеријата, а истовремено укажува на предностите на ќелиите со водород.

„Водородните ќелии на батериите имаат низа предности. Таквите ќелии, и со нив поврзаните горива, можат потенцијално да постигнат големи густини на енергијата, што може да овозможи континуирана работа на преносните електронски уреди со денови или дури и со недели без дополнување“.

Со оглед на тоа дека се работи само за патент, не е можно да се прогнозира дали идејата ќе биде преточена во конкретен производ, односно батерија која би се појавила во некоj иден MacBook или iPhone модел.