Познатата игра GoldenEye 007 доаѓа наскоро на конзолата Xbox на Microsoft, како и на рачната играчка конзола Switch на Nintendo.

Станува збор за ремастер на легендарната игра која се појави во 1997 година за конзолата Nintendo 64, а гејмерите наскоро ќе можат да ја играат оваа игра во 4K резолуција на Xbox и Nintendo Switch. Дополнително, ќе може да се игра играта во multiplayer режим со поделен екран.

Играта ќе ја продава компанијата Rare, која потврди дека насловот GoldenEye 007 HD ќе биде достапен и преку Xbox Game Pass и Nintendo Switch Online. Сепак, онлајн режимите за мултиплеер ќе бидат ексклузивни за рачната верзија на Switch. Во моментов нема точен датум за издавање на играта, но се очекува наскоро.

Режимите Campaign и Cheat ќе бидат достапни за гејмерите, а ќе се врати и поддршката за аналогни стикови и формати 16:9 со резолуција до 4K. Оние кои веќе поседуваат дигитална копија од компилацијата на играта Rare Replay ќе добијат GoldenEye 007 HD бесплатно.

Оваа игра се чека долго, бидејќи требаше да се појави во 2008 година на Xbox 360, но проблемите со лиценцирањето и авторските права беа компликација што ја спречи. Ремастерот за HD беше објавен минатата година заедно со оригиналната кампања за еден играч и локалниот мултиплеер.

Оваа информација доаѓа додека обожавателите на британскиот агент Џејмс Бонд ја слават 60-годишнината од франшизата. По тој повод се одржуваат различни настани, од кои сите ќе кулминираат со James Bod Day на 5 октомври.