Само неколку дена откако е овозможена репродукцијата на Xbox игри за Android уредите, Microsoft потврди дека ја тестира функцијата и на iOS уредите. Новата Xbox апликација е во бета фаза, и функционира баш онака како што сите мислеа. Се поврзува директно со Xbox One конзолата и ви овозможува да репродуцирате се што е веќе на вашиот систем. Овој систем се разликува од Microsoft xCloud услугата, бидејќи работи на вашата конзола, нешто што Sony веќе направи со апликацијата Remote Play.

Microsoft почна да им овозможува на сопственците на Xbox конзоли да ги играат своите омилени игри remote (на далечина), и тоа од Android уредите. Се чини дека само прашање на време е кога ваквата функција ќе стигне и до iOS корисниците, бидејќи и тие сочинуваат еден значаен дел на гејминг заедницата. Новата iOS Xbox апликација изгледа прилично стабилно и се очекува дека наскоро ќе пристигне во App Store. Ни Microsoft ништо подетално не прецизираше по ова прашање, но сите се надеваат дека ќе пристигне на време, за сопствениците на Xbox Series X и S ги играат своите омилени игри во движење.