Samsung досега (најмногу на пазарот на Индија) објави неколку телефони од Galaxy M серијата: Galaxy M01, Galaxy M01s, Galaxy M01 Core, Galaxy M11, Galaxy M21, Galaxy M31, Galaxy M31s и Galaxy M51. Сега новиот извештај сугерира дека до крајот на годината не очекуваат уште два Galaxy M смартфона.

Според наводите, броевите на моделите на претстојните уреди се SM-M425F и SM-M127F, а се нагаѓа дека уредите би можеле да пристигнат на пазарот како Galaxy M42 и Galaxy M12s.

Се очекува дека SM-M425G моделот ќе има 128GB простор за складирање, како и четири камери на задната страна, од кои главната ќе има 64MP сензор. Засега ништо не се знае за Galaxy M12s моделот, а се верува дека ќе биде подобрена верзија на Galaxy M11 уредот. Galaxy M12s секако ќе биде буџетски модел.

Galaxy M42 и Galaxy M12s имињата се уште не се официјално потврдени имиња на претстојните телефони и споменати се само како шпекулации врз оснива на нивните ознаки на моделите.