Австралиски научници развиваат тест кој за 15 минути би требало да го дијагностицира Ковид-19, а клучната сосотојка на новата технологија е пекарски квасец.

Биотехнолошката компанија Xing Technologies доби од владата на државата Квинсленд 1,5 милиони австралиски долари за финансирање на проектот XavTrap, кој научниците го претставија вчера и објаснија дека треба да работи слично како и тестот за бременост.

Неколку капки од растворот се ставаат на стапчето за земање брис од носот, што потоа се поставува на лента и во рок од 15 минути, во зависност од степенот на заразата, се добиваат резултатите, објасни водачот на проектот Јадвир Гривал.

Квасецот е обложен со честички кои можат да го фатат вирусот како ленти на гној.

Квасецот се комбинира со технологијата на лента, како што се користи во тестовите за бременост.

„Другите тестови што можат да се најдат на пазарот се одлични, но не можат да го разликуваат живиот од мртвиот вирус“, објаснува Гривал.

Евтиниот и брз тест би можел да се користи во зоните на високиот ризик, како што се болниците, домовите за стари лица и трговските центри.

Би можел да се користи и за дијагностицирање на денга треската

Сличен тест се развива и во Соединетите Американски Држави, а австралиските власти се надеваат дека нивниот ќе биде достапен кон крајот на 2020. година.