Larian Studios потврди дека една од најдобрите видео игри на годината, Baldur’s Gate 3, доаѓа на Xbox овој декември.

Како што е најавено на Твитер профилот на издавачот, нема точен датум кога тоа ќе се случи, но ќе дознаеме на церемонијата на The Game Awards, која исто така треба да се одржи во декември.

Baldur’s Gate 3 веројатно ќе биде еден од најзабележителните наслови на TGA, бидејќи беше номиниран во девет категории, вклучувајќи ги и оние за видео игра на годината и најдобар RPG.

Откако пристигна на компјутер во август оваа година и на PlayStation 5 во септември, многумина се прашуваа што се случи со Xbox Series X и Xbox Series S верзијата на Baldur’s Gate, но Larian рече дека сакале да средат сè пред да дојде време за тоа.