Аудио твитовите изгледа беа само почеток на новата Twitter ера и сега веќе се зборува за новите гласовни пораки, кои корисниците ќе можат да ги испраќаат директно во инбокс.

Рачно пишаниот збор се помалку се користи, а изгледа дека истото важи и за пишувањето на тастатура, бидејќи се повеќе платформи поддржуваат аудио пораки. Така и Twiiter одлучи да им излезе во пресрет на оние кои повеќе би сакале да комуницираат преку гласот, а преку едноставната функција што има само неколку копчиња – она за паузаирање и за премотување на примената порака. Тука е и опцијата за пријавување на несоодветна содржина, така што оние кои ги злоупотребуваат средствата за комуникација нема да бидат во милост ни во рамките на новите Twitter гласовни пораки.

И додека аудио пораките се релативно нова работа на Twitter, на другите платформи се присутни веќе некое време, па Facebook ги поддржува во Messenger, а ги поддржуваат и Instagram, Viber и WhatsApp.