Популарната социјална мрежа Instagram за корисниците на своите апликации им подготви уште еден новитет, а тоа е Emoji Slider кој претставува нов начин на анкетирање.

Анкетирањето е популарно помеѓу корисниците на Instagram кои различни анкети објавуваат на своите Story. Emoji Slider претставува стикер кој корисниците можат да го комбинираат со фотографии или клипови, додека нивните следбеници можат да одговараат на прашање со користење на емотикон, односно негово поместување долж скалата.

Emoji Slider е многу сличен на претходните анкетни стикер, но овозможува поширок спектар на одговори.

Новата можност е дел од новиот апдејт на апликацијата, а може да се преземе од App Store за iOS и од Google Play за Android.