Samsung минатата недела ја најави новата Galaxy F серија на телефони, а сега Flipkart открива дека Galaxy F41 ќе биде претставен на 8. октомври, како прв смартфон на оваа линија.
Промотивната страница за Galaxy F41, што е поставена на Flipkart, го открива и дизајнот на уредот, а потврдува и некои од спецификациите: sAMOLED Infinity-U дисплеј, три камери на задната страна, сензор за отпечаток на прстот и 6000mAh батерија.
Остатокот од спецификациите понатаму ќе бидат потврдени, но корисничкото упатство укажува на два звучници, додека една од трите камери ќе има ултраширок сензор.
Galaxy F41 е забележан на Geekbench со Exynos 9611 чипсет и 6GB RAM. Се очекуваат и две опции за складирање на содржина и три верзии на боја.
Извор: Benchmark.rs