Компанијата Sony на 14. април ќе ги претстави новите Xperia телефони, а компанијата сега објави неколку видео тизери за Xperia Mark III уредите, со фокус на камерите и звукот.

Првото видео јасно покажува дека Xperia Mark III уредите се на пат, но не се гледа премногу кога станува збор за претстојните телефони. Се очекува дека меѓу претставените модели ќе бидат Sony Xperia 1 III и Xperia 10 III, кои ќе бидат главни sвезди на презентацијата.

Тизерите откриваат и друг хардвер на Sony, како што се слушалки, камери и разновидна професионална опрема.

Xperia Mark III моделите не се очекува да ги краси премногу револуционерен и нов дизајн (судејќи според рендерите што неодамна можевме да ги видиме).

Второто видео ни дава мал увид во дизајнот на смартфонот, со фокус на системот со три камери. Гласините сугерираат дека оваа генерација Xperia телефони ќе има и перископ камера.