Од кога настана во 2004. година, Gmail собра повеќе од милијарда и пол корисници и стана една од најпознатите Google апликации.

По 16 години, компанијата Google реши во целост да го промени најпрепознатливиот дел на апликацијата – нејзината икона – која ќе биде ускладена со останатите Google апликации, односно нивните икони за Android, веб и другите уреди и платформи на компанијата.

Иконата на познатиот мејл клиент, Gmail досега го менуваше изгледот веќе неколку пати, но секогаш преку плико, многу јасно ставаше до знаење за што се работи. Според извештајот на сајтовите 9to5Google и SlashGear, тоа наскоро ќе се промени, бидејќи Google со новиот редизајн ќе ја остави за „M“ ознаката, додека ковертот ќе биде исфрлен.

Со оваа промена, Gmail ќе им се придружи на неодамна редизајнираните апликации, како на пример Google Maps, кои исто така драстично го променија својот изглед и го поедноставија. Освен задржувањето на буквата „М“, Google ќе примени и поинаков пристап во колоритот, бидејќи иконата ќе биде обоена со четирите препознатливи бои на компанијата – жолта, зелена, сина и црвена.

Промената би требало да биде оживеана со едно од ажурирањата на Gmail апликацијата во текот на 2020. година.