Oppo го претстави својот најнов телефон од средниот сегмент – Oppo K9s 5G, кој ќе дебитира на пазарот во Кина.

Oppo K9s спецификациите вклучуваат 6,59-инчен LCD екран со FHD+ резолуција, 120Hz стапка на освежување и 100% DCI-P3 покриеност на бои. Присутна е и Panda Glass заштита за издржливост.

Уредот го покренува осмојадрен Snapdragon 778G процесор, со 6GB и 8GB RAM, како и 128GB вграден простор за складирање. За софтверска поддршка е задолжен Android 11, so ColorOS 11.2 кориснички интерфејс.

Oppo K9s има композитен систем со течно ладење, кој користи 0,15 мм тенки листови на графит и други материјали за спроведување, за да се обезбеди подобра дисипација на топлината.

Од предната страна, телефонот има 16MP селфи камера, додека на задната страна се наоѓаат 64MP главен сензор, 8MP ултраширок и 2MP макро сензор. Уредот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 30W брзо полнење.

Oppo K9s 5G пристигнува во Obsidian Black, Neon Silver и Magic Purple бои, а достапен е на кинескиот пазар. Не е објавена достапноста на глобалните пазари.