Веќе имавме прилика преку протечените информации да ги дознаеме спецификациите и цената за претсојниот OnePlus 8T смартфон, но секогаш е добро кога ќе се слушне потврда од официјалните лица. Овој пат, информациите ги донесува Извршниот директор на компанијата OnePlus.

Во интервју за TechRadar, Пит Лау истакна дека OnePlus 8T навистина ќе има стапка на освежување од 120Hz на дисплејот, кој ќе биде со иста големина како и неговиот претходник (6,55 инчи). Инженерите работеле на подобрување на флуидноста, прецизноста на приказот на боите и максималното овстелување. Како резултат, панелот доби A+ оценка од DisplayMate.

Со помош на новото 2.5D флексибилно стакло, дисплејот може да постигне максимално осветлување од 1000 нита, додека за прецизноста на боите се истакнува дека „ќе биде највисока во индустријата“.

Се очекува OnePlus 8T теелфонот да биде единствениот уред што ќе биде претставен во текот на настанот на 14. октомври, и дека нема да го видиме OnePlus 8T Pro моделот.

Потврден датумот на објава на OnePlus 8T телефонот