Од компанијата Sony во ниту еден момент не криеја дека старите видеоигри за PS4 ќе бидат достапни за конзолата PlayStation 5, но неодамна открија дека игрите за PS3 нема да бидат достапни за новата конзола.

Во интервју за јапонската веб-страница Famitsu, генералниот директор на PlayStation потврди дека видеоигрите за PS3 нема да бидат достапни на новата конзола. Како што наведе тој, немале време тоа да го усовршат.

PlayStation 4 веќе има 100 милиони играчи, па затоа игрите се достапни и за новата конзола.

Една од најпопуларните конзоли во светот од 12 ноември ќе биде достапна во САД, Јапонија, Мексико, Нов Зеланд, Австралија и Јужна Кореја. Во останатите земји продажбата почнува на 19 ноември.

Од Sony најавија нови цени за видеоигрите за конзолата  PS5 – ќе чинат 70 долари. Ова се однесува на сите AAA ексклузиви на коишто работат во студиото на Sony, a засега е потврдено дека треба да издвоите 70 долари за „Demon’s Souls Remake“, „Destruction All Stars“ и „Marvel’s Spider-Man: Miles Morales“.