Синџирот за брза храна Kentucky Fried Chicken (KFC) лансира гејмерска конзола што загрева пилешко.

„Комората за пилешко месо ќе ја задржи содржината топла, подготвена за консумирање во текот на интензивните игри“, соопшти KFC.

Американската компанија објави дека конзолата е дизајнирана од глобален производител на хардвер и може да игра игри од највисоко ниво како и другите машини за игри.

Многу луѓе сметаа дека гејмерската конзола е лажна маркетинг-кампања кога беше откриена во јуни.