Достапен од 1 мај оваа година во одредени Hublot продавници, новиот The Big Bang Referee 2018 FIFA World Cup Russia модел беше претставен како официјален часовник на FIFA.

Дизајниран за овој Мундијал, часовникот има интересна и уникатна серија на бројчаник. Ја претставува бојата на секоја нација која учествува, овие бројчаници му дозволуваат на сопственикот да ја подеси бојата на земјата која ја поддржува во целост редифинирајќи го концептот на фубалската грозница од 21 век.

Hublot го креираше овој часовник како одговор на посебно барање кое им го упатиле од ФИФА организацијата. ФИФА сакала да поседува прилагодени часовници за судиите на светскиот куп, кои ќе ги носат за време на целото натпреварување. Hublot брендот до детали ги следеше сите барање на ФИФА организацијата, бидејќи на часовникот можат да се најдат статистики како резултат, број на жолти и црвени картони, имиња на играчите кои дале гол, имиња на заменските играчи и траењето на натпреварот, што навистина ќе ја зголеме нивната ефикасност.

Другите елементи кои навистина се корисни се известувањата поврзани за натпреварот кои се појавуваат 15 минути пред почетокот, додека екранот се менува секој пат кога некој играч е заменет, постигнал погодок или доби црвен или жолт картон.

Овој часовник ги има сите потребни атрибути за еден Hublot часовник. Креиран е од титаниум, а екранот на овој часовник кој е аналоген, ја има истата естетика како и неговите автоматски соперници.

Извор: Zimo.hr