Веќе некое време се појавуваат информации дека Microsoft подготвува наследник на Surface Laptop 3 моделот, објавен во ноември 2019 година. Сега компанијата од Редмонд објави видео тизер за Surface Laptop 4.

Видеото се фокусира на приказната зад Surface уредите и ја прикажува постоечката линија. Најголемиот фокус е секако на Surface Laptop.

Крајот на видеото испраќа мистериозна порака „More to come“, но без конкретен датум или временска рамка на објавата. Претходно имавме можност и да дознаеме некои детали за Surface Laptop 4, преку одредени протечени информации.

Сајтот WinFuture сугерира дека Surface Laptop 4 ќе биде претставен на 27 април. Лаптопот би требало да користи Intel Core i5-1145G7 или Core i7-1185G7 процесори, односно AMD Ryzen 4680U Surface Edition или Ryzen 7 4980U Surface Edition процесори.

Покрај споменатите процесори, се очекува до 32 GB RAM и 1TB простор за складирање. Цената на основната варијанта на лаптопот би требало да се почнува од 1399 евра, а максималната цена во зависност од компонентите, ќе изнесува 2699 евра.