Компанијата Nintendo им се враќа на своите почетоци и на пазарот ќе ја пласира модерната верзија на рачната конзола Game & Watch, што ќе има LCD екран во боја.

Играчите ќе можат да ја играат Super Mario Bros. во чест на 35. годишнината на популарната франжиза. Новата рачна конзола е најавена за 13. ноември.

Освен споменатата игра, гејмерите ќе уживаат и во игрите Super Mario Bros: The Lost Levels (во Јапонија позната како Super Mario Bros. 2) и во унапредената верзија на играта Game & Watch: Ball, во која се појавува Mario (наместо Mr. Game & Watch).

Дизајнот е базиран на оригиналниот +Control Padu од 1980. година, но како и оригиналниот  Game & Watch уред, има функција и на дигитален часовник.

Продажбата на рачната конзолаGame & Watch: Super Mario Bros. почнува на 13. ноември, производството ќе биде ограничено, а уредот ќе чини 49,99 долари.