Компанијата Japan Display (JDI) повторно ќе се врати во редовите на поголемите снабдувачи на Apple, откако нивниот бизнис страдаше при преминот на Apple на OLED екрани.

Производтната линија на LDI се темелеше исклучиво на производство на LCD екрани, но тоа во последно време е решено благодарение на заедничкото вложување на кинеските и јапонските власти, кое се проценува на сума од околу 1 милијарди американски долари.

Благодарение на тоа, JDI ќе стартува сопствено производство на OLED екрани, а сега пристигнуваат и нови вести кои ги пренесува Ројтерс. Се истакнува дека токму Japan Display ќе ги испорача OLED дисплеите за петтата генерација на Apple Watch.

Додека се чини дека JDI во иднина ќе доминира со OLED екраните со помали димензии, со OLED екраните со поголеми димензии (iPhone и евентуално iPad), и натаму ќе доминира Samsung Display.