Орбитерот Mars Express кој припаѓа на Европската вселенска агенција (ESA) испрати неверојатни фотографии од Марс.

Mars Express орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина на Utopia Planitia, која се наоѓа во рамките на Утопија, најголемиот познат слив во северната хемисфера на Црвената планета, кој е двојно поголем од пустината Сахара и претежно покриен во мраз. Сепак, сега пристигнаа нови фотографии кои се уште повпечатливи.

„Последните снимки испратени од орбитерот Mars Express на ЕСА покажуваат две руптури во кората на Марс кои се дел од моќниот систем на кањонот Valles Marineris“, соопшти ЕСА.

Valles Marineris е споредуван со Големиот Кањон во САД, при што САД се многу помала верзија на Марс. Долг е 4.000 километри, широк 200 километри и длабок до 7 километри, што значи дека е десет пати подолг, 20 пати поширок и пет пати подлабок од Големиот Кањон. Всушност, Valles Marineris се смета за најголемиот кањонски систем во Сончевиот систем и се верува дека е формиран со одвојување на тектонски плочи.

На новите фотографии јасно се гледаат два кањони кои сочинуваат дел од западниот Valles Marineris, на лева страна (јужно) е Charisma со должина од 840, а десно (северно) е Thithonium Chasma со должина од 805 километри. Фотографиите со висока резолуција детално ја прикажуваат површината, но само кога се гледа мапата на надморска височина е можно да се разбере колку се длабоки кањоните, до седум километри.

Фотографиите покажуваат и други карактеристики, вклучително и песок кој можеби дошол од блискиот вулкански регион Tharsis, планини кои се издигнуваат до 3.000 метри височина, сулфатни минерали и неодамнешно лизгање на земјиштето. Фотографиите беа испратени во различни бои и нијанси, а секоја покажува различна карактеристика на богатата површина и кањони на планетата.

Орбитерот претходно откри ледени езера под површината на Марс, а ЕСА очекува уште многу од своето напредно летало.