Компанијата се надева дека со Nokia 9.3 PureView моделот ќе успее да ги надомести недостатоците на линијата, уште од појавувањето на моделот Nokia 9 PureView. Премиерата на споменатиот модел беше одложувана неколку пати, а последната беше поради пандемијата на Ковид-19, што влијаеше на развојот на уредот и на ланецот на снабдување.

Според најновиот извештај на сајтот Nokia Power User, претставувањето на телефонот се очекува наскоро, а еден малопродажен партнер објави информации за куќиштето на телефонот. За жал, рендерите не може да се погледнат, поради тоа изворот на информацијата побарал да остане анонимен.

Се очекува дека Nokia 9.3 PureView веројатно ќе има OLED дисплеј со освежување од 120Hz, како и нов систем на камери кои ќе ги предводи 108MP сензорот на Samsung, додека секундарната камера би можела да биде од 64MP. Постојат и некои ексклузивни ZEISS ефекти на камерите. Новиот PureView телефон ќе работи со Snapdragon 865 чипсетот.

Nokia 9.3 PureView се очекува да почне да се произведува во текот на овој или следниот месец.

Извор: Benchmark.rs