Компанијата Apple има намера наскоро да претстави неколку уреди, меѓу кои се и два Apple Watch часовника и редизајниран iPad Air.

Apple оваа година планира да продаде помеѓу 75 и 80 милиони 5G iPhone уреди, а тоа е еднакво или нешто повеќе од бројот на продадени смартфони во изминатите неколку години. Ова е јасен показател дека во Apple сметаат дека пандемијата на коронавирус нема да предизвика намалување на побарувачката.

Bloomberg објави дека Apple наскоро ќе претстави неколку нови уреди. Се очекуваат четири нови iPhone модели со OLED екрани, кои ќе бидат достапни во големини од 5,4, 6,1 и 6,7 инчи.

Верзијата со 6,1-инчен екран ќе биде опција за Pro моделот со челична рамка, како и за нешто поевтиниот еквивалент iPhone 12, кој ќе има алуминиумска рамка. Во понудата ќе биде и новата темно сина боја, која ќе го замени зелениот iPhone 11 Pro.

Моделот со 6,7-инчен дисплеј би можел единствениот уред од понудата со LiDAR скенер, што дебитираше оваа година со доаѓањето на новиот iPad Pro. Сите нови iPhone 12 модели ќе поддржуваат 5G мрежа, а ќе имаат и нов дизајн со остри агли. Pro моделите ќе пристигнат на пазарот нешто подоцна во однос на алуминиумските варијанти.

Според Bloomberg, американската компанија ќе претстави и нов iPad Air со темки рамки, нешто слично како што е случај со iPad Pro. Овој iPad Air веројатно ќе има зголемен 10,8-инчен екран, а сега нема збор за подобрен iPad mini модел, кој што го најави аналитичарот Минг Чи-Куо. На Twitter веќе се појавија и неофицијални фотографии од новиот iPad Air со тенки рамки и Touch ID сензор за отпечатоци од прсти интегриран во копчето за вклучување на уредот.

Се очекуваат и нови два Apple Watch часовника, наследникот на Series 5 и поевтиниот Series 3 модел.

Исто така, Apple би требало да претстави помал и поевтин HomePod паметен звучник, како и нови AirPods слушалки што се ставаат преку уши.

Новиот Apple TV ќе има подобрен процесор и нов далечинско управувач, но не е сигурно дека ќе се појави оваа година.

Во септември би требало да бидат достапни и новите оперативни системи iOS 14 и iPadOS 14.