Малата енергетска густина на батериите е пречка не само за развој на електричните авиони, туку и на минијатурните автономни роботи, кои би требало да имаат нешто поголема автономија. Овој проблем пробаа да го решат научниците од универзитетот Јужна Каролина, а нивното истражување на нови начини на користење на другите извори на енергија доведе до создавање на – роботски инсект.

Овој мал склоп, пригодно наречен RoBeetle е покренат со течен метанол. Кога ќе се „напие“ со оваа енергија на богатиот алкохол, кој преку шприц се вбризгува во неговото тело, ја користи таа енергија за да ја претвори во движење.

Со хемиска реакција до движење

За тоа послужиле напредните материјали од кои се изработени механичките актуатори, кои работат според принципот на каталитичка оксидација на метанол. Платиката во актуаторот го поттикнува метанолот на оксидација, со тоа се создаваат молекули на вода и јаглерод диоксид, како и топлина. Со порастот на температурата доаѓа до продолжување на жицата која ги покренува „нозете“ на овој минијатурен робот. Тие се поврзани со пружини, па при реакцијата нозете се движат напред, а потоа се враќаат назад, туркајќи го роботот кон напред.

Бавен „пијан“ робот

Така RoBeetle оди напред, со брзина од 0,76 милиметри во секунда. Но, овој мал резервоар со метанол му овозможува дури 155 минути „од“. Масата на роботот е само 88 милиграми, должината му е 15 милиметри, па со пресметка се доаѓа до еден лош резултат – ефикасноста на ваквиот хемиско-механички погон на алкохол изнесува само  0,48%.

Сепак, творците на овој погон велат дека за сличен погон, но топлината да се добива од батерија, би требало преку десет пати потежок електроснки склоп со батерии. Се надеваат и дека со унапредување на некои детали на дизајнот би се зголемила ефикасноста и искористливоста на енергијата од метанолот и понатамошниот развој на ваквите еколошки микророботи.