Amazon Halo од конкуренцијата се издвојува по тоа што нема екран, но затоа има неколку функции кои досега не се видени на слични уреди.

Американската интернет компанија Amazon придодаде уште еден гаџет во својата понуда хардверски уреди. Компанијата на Џеф Безос овојпат се ориентираше на здравјето на поединците, претставувајќи ја паметната нараквица Amazon Halo, која помага при зачувувањето на здравјето и следењето на физичките активности. Но, не се работи за само уште една во низата слични наралвици – Halo донесува некои целосно нови функции, за кои треба да се покажат колку се корисни.

Како прво, нараквицата изгледа како на раката да носите само ремен за часовник. Сензорите и електрониката се скриени под ременот, така што Halo нема екран, туку за сите функции мора да се користи соодветна мобилна апликација. Нараквицата собира податоци за движењето и седењето, должината и идентитетот на физичката активност, но и податоци битни за здравјето, како што е уделот на маснотии во телото. Со тоа сака да им помогне на корисниците при водењето здрав живот и одржување на иделана телесна тежина.

Нараквицата има уште и сензори за температура, движењe, отчукување на срцето, два микрофона, LED индикатор и копче за исклучување на микрофонот. Со едно полнење од 90 минути може да се користи до една недела. Овозможени се и функциите за следење на квалитетот на сонот и неколку дополнителни фунцкии на телото, а сето тоа осмислено во соработка со здравствените експерти.

За крај, можеби најнеобичната функција на оваа нараквица е следењето на тонот на гласот на лицето кое ја носи. Со анализа на говорот се доаѓа до податоци како што се енергичност, позитивност, пријателски тон на гласот и другите негови карактеристики. Врз основа на тие податоци, апликацијата на Amazon може да на корисникот на Halo нараквицата да му препорача како би требало да се изразува и така да му помогне во „остварување на поздрави врски“ во луѓето во опкружувањето.

Цената на нараквицата која ќе ве преудпредува како му се обраќате на келнерот, брачниот другар или родителите е 99,99 американски долари, а со неа е потребно да купите и дигитална платформа. За цена од 3,99 долари месечно се добива пристап до сите напредни анализи во мобилната апликација, а оние кои не сакаат да плаќаат претплата, ќе ги имаат на располагање само основните податоци за сонот, активноста и отчукувањата на срцето.