Пазарот на паметни часовници порасна за цели 20 проценти во првата половина на 2020. година. Најмногу заслуги за ваквите резултати имаа компаниите Huawei, Garmin и Apple, кои истовремено се и лидери на овој пазарен сегмент.

Пазарот на паметни часовници продолжи да расте во првите шест месеци од оваа година, и покрај пандемијата. Три имиња кои се етаблираа во самиот врв се Apple, Garmin и Huawei, што значи дека имаме промена во однос на претходната година, кога на второто место бил позициониран Samsung, кој сега од второто место паднал на четвртата позиција на листата на производители на паметни часовници, покажуваат податоците на компанијата Counterpoint Research.

Global Smartwatch Shipment Revenue Share % in H1 2020 vs H1 2019

Растот од 20 проценти во пракса значи дека биле испорачани околу 42 милиони уреда во првите шест месеци од оваа година. Apple и натаму е лидер на пазарот, и не само што води, туку успеал да го зголеми удделот на дури 51,4 проценти во однос на 43.2% во истиот период минатата година. Garmin се искачи на втората позиција и моментно држи 9,4 проценти од пазарот. Huawei оствари најголем напредок на годишно ниво, со зголемување на сопствените испораки за цели 57 отсто! Тоа беше доволно за 8,5 проценти на пазарот на паметни часовници, односно позицијата број три на листата на најголеми имиња на овој пазар. Најголем пад забележа Samsung, кој од минатогодишните 9,3% падна на третото место со 7,2.