Корисникот на YouTube, Michael Pick, кој се претставува како The Casual Engineer, го претстави својот нов проект – најмалиот iMac на светот. Како што се гледа од приложеното, се работи за микрокомпјутерот Raspberry Pi вграден во куќиште изработено со 3D печатач, кои наликува на iMac.

За да биде вистински all-in-one десктоп, во истото куќиште од задната страна е монтиран Raspberry Pi 4, a od prednata strana – 7-инчен LCD IPS екран со резолуција од 1.024×600 пиксели. Многу труд е вложено во минијатуризација на електронските компоненти, за сето ова да го собере во мало куќиште.

За потребите на склопувањето на компактниот компјутер со Raspberry плочата морале да бидат отсечени неколку делови кои штрчеле, како двојниот USB приклучок, а некои кабли морате да бидат истенчени за да се вклопат во замислениот дизајн.

Посебно внимание, авторот на овој „направи сам“ проект им посвети на деталите, па така овој iMac има и сталак, рамка, па дури лого на јаболко на истите места како и вистинскиот iMac. За потребите на тестирање и бенчмарк, на малиот iMac неговиот креатор заигра Minecraft и тоа на дури 1.000 FPS.