Компанијата LG го претстави CineBeam HU810P 4K проекторот што може да испорача неверојатни 2.700 ANSI лумени осветлување, покривајќи 97 проценти од cinema DCI-P3 стандардот на бои. Уште повеќе, Adaptive Picture Pro режимот автоматски го прилагодува нивото на светлото за да се прилагоди на осветленоста во просторијата.

HU810P има две поставки за сликата во светла и темна просторија, а самостојно има можност го детектира осветлувањето и да го прилагоди осветлувањето и контрастот за прикажување на најдобра слика. За љубителите на врвниот кино приказ, прикажува автоматски филмови во 24 fps, користејќи го „Real Cinema“ режимот. Исто така, има поддршка за HDMI 2.1 и 10-битен опсег на бои, донесувајќи HDR10 и HLG HDR, иако без Dolby Vision или HDR10+.

Се наведува дека работниот век ќе биде 20.000 часа, што значи дека нема да мора да ја менувате светилката како кај стандардните проектори. Овој проектор работи на LG WebOS 5.0 платформата, која може да користи услуги како што е Netflix. CineBeam HU810P проекторот чини 2.999 долари.