Како што и вети, Google имплементира нова функција за организирање на табови. Корисниците на Chrome сега можат да ги групираат табовите во своите десктоп прозорци. Групите на табови можат да се прилагодуваат, можно е да се обележуваат со имиња и бои, а исто така е можно и лесно намалување, ширење и повлекување на табовите.

Ова е само еден од новитетите кои пристигнуваат во новата верзија на Chrome. Сега, кога ќе се премине преку табот, ќе биде прикажан thumbnail preview на страниците. Покрај тоа, можно е пополнување и чување на PDF документи директно во Chrome, или со користење на Adobe PDF кратенките. Наскоро, кога се користи лаптопот во таблет мод, ќе може да се минува низ табовите и да се прегледа содржината на веб со користење на контроли осетливи на допир.

Google истакнува дека новите функвии нема да го забават Chrome. Табовите би требало да се вчитуваат за 10 проценти побрзо, благодарение на PGO (profile guided optimization) и “tab throttling” функциите.