EMUI корисничкиот интерфејс на Huawei го прославува осмиот роденде, а компанијата одржа онлајн настан во текот на кој дознавме некои детали за следната верзија на овој прилагоден интерфејс.

Ванг Ченглу, претстедател на Huawei Consumer Business Software одделението потврди дека EMUI 11 пристигнува во текот на третото тримесечје од 2020. година. Иако не е откриен точниот датум на објава, гласините сугерираат дека Mate 40 серијата ќе биде прва која ќе се испорачува со новиот EMUI 11 интерфејс.

EMUI своето постоење го почна во 2012. година, како Emotion UI 1.0 заснован на Android 4.0. Во текот на годините константно созреваше, добиваше константни измени на изгледот, а актуелната верзија е EMUI 10, кој дебитираше во август минатата година на Huawei P40 серијата.

Шефот на софтвер на Huawei повторно ги нагласи напорите на компанијата да овозможи повеќе програмерски апликации за Huawei Mobile Services (HMS) јадрото, како алтернатива за решенијата на компанијата Google.