LG веќе некое време нуди Dual Screen додатоци за своите премиум телефони, а се работи за футроли кои додаваат уште еден дисплеј за смартфонот. Меѓутоа, компанијата се подготвува да претстави нов експериментален телефон со интересен формат.

LG Wing се очекува до крајот на годината, а има два дисплеја. Главниот екран има големина од 6,8 инчи и може да се ротира со што се креита „Т“ формат, а ротацијата открива помал, 4-инчен дисплеј. Кога ќе се постави во „Т“ положба, Wing изгкледа како она што може да се види во следното видео.

Секако се работин за интересен концепт, а останува да се види за кои дополнителни сценарија ваквиот формат на телефон ќе може да се користи.

Се сугерира дека LG Wing ќе има Snapdragon 765 или 765G чипсет, со што LG повторно се држи до горниот среден сегмент и ова би можело да значи дека претстојниот уред нема да има превисока цена кога ќе се појави на пазарот.